МК | EN | FR | DE
Од 18-ти до 20-ти ноември, 2016 во просториите на „Nova International Schools“ по 9-ти пат се одржа симулација на Модел Европски Парламент (MEП). Овој пат учествуваа ученици од 16 гимназии од цела Македонија во тимови од по 3 ученици. Секој тим претставува една држава и се дели на 3 комитети. Овој пат нашите делегати ги бранеа ставовите на Австрија. Првиот и вториот работен ден се дебатира и се пишува резолуција, а третиот ден во салата на Собранието на град Скопје се бранат формираните резолуции.
Официјален јазик на симулацијата е Англиски. Нашата гимназија традиционално зема учество секоја година. На оваа симулација, наши претставници беа Ивона Димеска, Снежана Димитријеска (ученички во IV година) и Јована Сваќароска (ученичка во III година), а нивен ментор е професорката по англиски јазик Кети Ефремоска, која секоја година успева најдобро да ги подготви тимовите.
Оваа симулација покрај натпреварувачки има и едукативен карактер. Учениците се запознаваат одблиску со работата на Европскиот Парламент и ги унапредуваат своите дебатирачки и говорни способности.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.