МК | EN | FR | DE
Од 19 – 21 февруари, во средното училиште во склоп на Nova International Schools по осми пат се одржа симулација на Европски парламент, каде 60 делегати од 20 средни училишта дискутираа и ги решаваа проблемите на Европска Унија.
Делегатите на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, Бисера Самарџиоска (ученичка во IV година), Снежана Димитријеска и Ивона Димеска (ученички во III година) овој пат ги бранеа ставовите на Луксембург. Координатор и ментор на делегацијата од нашето училиште беше проф.Кети Ефремоска.
Со две од три усвоени резолуции, симулацијата успешно заврши.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.