МК | EN | FR | DE
По втор пат лидерот на Младнскната организација при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ е девојка.
На ден 26.12.2017год. членовиоте на Собранието на Младинската организација, од тројцата пријавени кандидати, Катерина Божиноска, Андреј Крстев и Марија Јованоска – ученици во трета година, на фер и демократски начин, преку тајно гласање својот глас го дадоа за Марија Јованоска.
Според бројот на гласови, Катерина Божиноска застана на позиција потпретседател.
Тројцата кандидати пред Собранието ги претставија своите програми за претстојната година од својот мандат, а веднаш по изборот новото и старото претседателство одржаа работен состанок за распределба на координаторите на секторите.
Им посакуваме многу среќа и успех во претстојната година!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.