МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Историјата низ слики, предмети и восочни фигури

 

пред музејот на Холокаустот

   На ден 11.03.2017 година, група ученици од трета година од Гимназијата „Мирче Ацев“ заедно со професорот по историја Марјан Дукоски и заменик-директорот Гоце Ѓоргиоски реализираа посета на „Музејот на Македонската Револуционерна Борба“ во Скопје, каде имаа можност да се запозаат со оргинални документи и автенитични извори, пронајдени и сочувани до ден денес, како и да видат голем број на восочни фигури од македонските револуционери.
   Исто така беше посетен и Музејот на „Холокаустот“, каде што се запознаа со животот на Евреите во Македонија, кои на ѕверски начин беа депортирани во логорот на смртта - Треблинка.

     Посетата на културно историските споменици од нашиот град, од Македонија и надвор од неа често се практикува во гимназијата „Мирче Ацев“, па така и посетата на овие две музејски институции за учениците беше едно ново искуство кое им овозможи собирање на повеќе знаења за историското минато во Македонија, а неизоставен дел беше и дружење надвор од наставните часови.

Во музејот на Македонската револуционерна борба


Објавено на: 19 Мар 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија