МК | EN | FR | DE
Андреј Иваноски, поранешен ученик во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, а сега студент на Православниот Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“, во вторникот на 12.04. 2016год. на иницијатива на професорката по Социологија Снежана Тодорческа, одржа предавања на тема „Религијата – Црквата и животот во Православната црква“. Темата на часовите е во контекст на наставната програма по предметот Социологија.
Учениците со голем интерес ги следеа часовите, поставуваа прашања, дискутираа и му искажаа благодарност на Андреј за новите знаења кои ги стекнаа со овие предавања.
Освен овие предавања, професорката Снежана Тодорческа и претходно организираше сличен настан. Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, на 28.03 оваа година на класниот час во II -7 клас, Златко Димоски, родител на еден од учениците во класот, одржа стручно предавање на тема „Дрога и опасностите од користењето на дрогата“.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.