МК | EN | FR | DE
На 18.03.2016г. (петок) во Прилеп се одржа Државното првенство во карате за основни и средни училишта, во машка и женска конкуренција.
За прв пат оваа година, за средни училишта, во натпреварувачкиот дел се воведоа и борби.
На првенството учествуваа 300 натпреварувачи, а ние како Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп учествувавме со 9 натпреварувачи во машка и женска конкуренција, во кати и борби.
Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп на ова натпреварување освои 8 места во машка и женска конкуренција во различни категории и со тоа по петти пат стана најтрофејно средно училиште во Македонија.
Учесници од Гимназија и освоени места се:
На првенството учествуваа и каратистите Никола Јолески и Даниел Гулабоски.
Одговорен (ментор) на нашата гимназиска карате екипа е професорот по спорт Орде Цветаноски.
Што се однесува до натпреварите во карате во нашава држава, нашите ученички Маријана и Мишела се најтрофејни во овој спорт веќе подолго време.
Еве ги нивните маѓународни успеси последниве две години:
2016 – Балканско првенство за сениори (во Турција) – освоено I место – ката тим
2016 – Европско првенство за јуниори (во Кипар) – освоено III место – ката тим
2015 – Светско првенство за јуниори (во Индонезија) – освоено II место – ката тим
2015 – Балканско првенствално за јуниори (во Хрватска)– освоено I место – ката тим
Маријана Димовска, индивидуално, освоено I место
Мишела Димовска, индивидуално, освоено II место
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.