МК | EN | FR | DE
На 20.5.2017 год. во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, се одржа Државен натпревар на детски и младински хорови и оркестри.
На натпреварот учествуваше и нашата Гимназија, со мешаниот хор од 93 хористи и 16-члениот оркестар.
На натпреварот и хорот и оркестарот ги освоија првите места.
Наредниот ден (21.05) следуваше натпреварот во пеење, на кој учествувааше нашата ученичка Ангела Зероска, која со својот глас и изведба супериорно го освои првото место.
Раководител и диригент на хорот и оркестарот како и ментор на Ангела е м-р Татјана Ивановска, професор по музичка уметност во нашата Гимназија.
За талентот и умешноста во пеењето на Ангела Зероска, погледнете го и слушнете го нејзиниот настап на Гимфест 2017
И оваа година, продолжува традицијата на освојување на награди на натпреварите по музичка уметност.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.