МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Ораторска вечер „Стереотипите кај младите“

 

Ораторска вечер „Стереотипите кај младите“

   Ораторството е вештина со која говорникот јавно ги искажува своите размислувања и ставови на одредена тема или по некое прашање, со цел да остави добар впечаток кај слушателите и да ги убеди во она што сака да го каже.

   Традиционално и оваа година учениците од нашата гимназија пред јавноста ги покажаа своите ораторски вештини. Вчера (04.11), во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ пред полна сала публика, десет ученици низ своите говори им ги пренесоа на присутните своите ставови на тема „Стереотипите кај младите“
   Со говори настапија: Филип Димовски, Ангела Николоска, Деспина Сиљаноска, Стефанија Стефаноска, Катерина Божиноска, Елена ’Ртоска, Христина Трајкоска, Анастасија Насевска, Веселинка Илиовска и Стефани Мирческа.
   Меѓу учениците, родителите,наставниците и останатите гости, во публиката беше и градоначалникот Марјан Ристески кој е редовен посетител на сите досега одржани ораторски вечери во организација на нашето училиште.

   Комисијата која по утврдени критериуми ги вреднуваше настапите на ораторите ја сочинуваа професорите Рубин Матески - претседател, Емона Јованоска, Димче Настоски, Мартин Наумоски и Николче Богданоски.

   По настапот на ораторите, следуваше кратка музичка пауза на која комисијата ги сумираше резултатите.
За најуспешни оратори комисијата едногласно ги прогласи:

  • Деспина Сиљаноска - прво место
  • Филип Димовски - второ место
  • Стефани Мирческа - трето место

   На најуспешните оратори, доделени им беа дипломи и книги, а на останатите учесници доделени им беа благодарници.

   За успешната реализација на ораторската вечер придонес има и Младинската организација од нашата Гимназија со претседателот Панче Патоски.

   Оваа трета по ред ораторска вечер, како и минатогодишната, организирана беше по повод двата светли датуми од македонската историја:
     23-ти Октомври (5-ти Ноември) - Денот на создавањето на Македонската револуционерна организација и
     Трети ноември - Денот на ослободувањето на Прилеп од окупаторите во Втората светска војна


Фотографија: Бојан Илиески
Горан Попоски


Објавено на: 05 Ное 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија