МК | EN | FR | DE
На 04.01.1943 година, згасна животот на Мирче Ацев, револуционерот чие име го носи нашата Гимназија. Во негова чест, традиционално учениците и професорите реализираат низа активности со кои му оддаваат почит на Патронот.
Одбележувањето на Патрониот празник започна пред новогодишните празници со прекрасната поетска вечер, а продолжија на 04.01.2017г. со полагање на свежо цвеќе на Могилата на непобедените, пред бистите на херојот во Паркот на револуцијата и во училишниот двор.
Вечерта во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ се одржа свечена академија на која присутните подетално се запознаа со животот и делото на Мирче Ацев, а потоа дел од талентираните ученици од нашето училиште и гостите на вечерта приредија пригодна програма со која го задржаа вниманието на публиката.
фотографија: Горан Попоски и Бојан Илиески
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.