MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

Во чест на патронот

   Учениците и вработените во гимназијата „Мирче Ацев“  Прилеп, со низа активности го одбележаа патрониот празник на училиштето. Во чест на патронот организирани беа: Ликовна изложба, поетска вечер „Времеплов“, спортски натпревари во одбојка, кошарка и пинг-понг, натпревари во шах, положено беше цвеќе пред бистите на херојот во нашиот град и одржана беше свечена академија.

   Свечената академија се одржа во народниот театар „Војдан Чернодрински“, вечерта на 04.јануари. На почетокот на Академијата пред присутните се обрати градоначалникот г-дин Марјан Ристески кој зборуваше за инвестициите на Локалната самоуправа во образованието и Гимназијата и за успесите на учениците од ова училиште на државните и меѓународни натпревари.
   Во чест на народниот херој Мирче Ацев ученичката Милена Трајкоска го прочита првонаградениот есеј на конкурсот по повод 100 г. од раѓањето на херојот.
   Гимназискиот хор, најнаградуваниот  хор на државните натпревари, се претстави со три композиции под диригенство на проф.Татјана Иваноска.
   На Академијата со пригодни стихови се претставија и рецитаторите: Трајче Маџоски, Елеонора Михаиловска, Цвете Јанеска, Виктор Николоски, Александра Илиеска, Давид Гагалески, Сања Котеска, Деспина Сиљаноска и Стефанија Стефаноска кои работеа под менторство на проф.Ленка Јованоска и проф.Весна Михаиловска.
   За убавото расположение на присутните се погрижија вокалните солисти: Михаил Милошески, Анастазија Христоска, Магдалена Кузманоска, Бистра Петреска, Марко Маркоски, Ивана Кормушоска, Ивана Илиоска, Меланија Тодороска и Наташа Ристеска кои беа придружувани на хармоника од Гоце Илиески и на гитара од Стефан Костоски, Андреј Танески и Марко Цветаноски. Ментор на овие ученици им е професорката по музичка култура Татјана Ивановска.

   За успешната реализација на свечената академија се погрижија професорите: Димче Настоски, Марта Макеска, Александар Џинго, Гордица Грујоска, Орде Цветаноски и Николче Богданоски.

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп им изразува благодарност на нашите пријатели кои помогнаа во реализацијата на Академијата: ДЕ-НИ Мебел и КОМФИ АНГЕЛ ДОО.


Напишано од: Елеонора Михаиловска
Фотографија: Бојан Илиески, Христијан Јанкоски и Горан Попоски
Објавено на 05.01.2016 год.

Гимназијата на:

 

Други настани:



Посета на институтот за тутун
Посета на институтот за тутун

Прозорец кон италијанскиот филм
Прозорец кон италијанскиот филм

Кокино и Пелинце низ објективот на гимназијалците
Кокино и Пелинце низ објективот на гимназијалците

Ученички парламент
Ученички парламент

Награда за драмата „Три писма“ во Република Грција
Награда за драмата „Три писма“ во Република Грција

Прво место за усно искажување на француски јазик
Прво место за усно искажување на француски јазик

Доделување на дипломите на овогодинешните матуранти
Доделување на дипломите на овогодинешните матуранти

Со „Три писма“ во Република Грција
Со „Три писма“ во Република Грција

Погледни повеќе настани во нашата WWW архива >>

 
 
Оди најгоре