МК | EN | FR | DE
На 18.03.2017 година во просториите на ООУ „Блаже Конески“ Прилеп, во организација на ELTAM (Ацосијација на наставници по англиски јазик на Мaкедонија), се одржа натпревар по англиски јазик за општините Прилеп, Македонски Брод, Крушево, Кичево, Кривогаштани и Долнени.
Во конкуренција од 22 ученици од средните училишта од општина Прилеп и општина Кичево, нашите гимназијалци
Божидар Цветкоски освои прво место,
Ѓорѓи Димески освои второ место и
Александар Видески освои трето место.
Со постигнатиот успех нашите гимназијалци продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 08.04.2017.
Им посакуваме многу среќа и успех!
фотографиите се позајмени од Facebook профилот на ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.