МК | EN | FR | DE
На 4.11.2017 год. во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа натпревар за најдобар рецитатор.
По повод месецот на книгата Градската библиотека „Борка Талески“ секоја година организира натпревар за најдобар рецитатор на кој учествуваат ученици од сите основни и средни училишта од општината.
И оваа година во категоријата на ученици од средните училишта гимназијалците беа најдобри.
Првото место го освоија ученичките Елеонора Михаиловска од IV-1под менторство на проф.Ленка Јованоска и Леона Митревска од III-2 под менторство на проф. Весна Михаиловска.
Ученичката Сара Атанасоска од II-3 под менторство на проф. Емона Јованоска го освои третото место.
Овие награди се уште една потврда дека Гимназијата го негува талентот на учениците и љубовта кон поезијата и пишаниот збор.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.