МК | EN | FR | DE
И оваа година по повод месецот на книгата Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп ги одржа традиционалните натпревари за најдобар рецитатор и најдобра лична творба.
На 12.11.2016 се одржа општинскиот натпревар за најдобар рецитатор на кој во категоријата на средношколци нашите ученици го освоија второто и третото место и тоа:
-Сара Атанасоска од I-3 второ место (ментор проф. Емона Јованоска)
-Елеонора Михаиловска од III-1 трето место (ментор проф. Ленка Јованоска)
И на 13.11.2016 на конкурсот за најдобра лична творба за 2016, повторно награди за нашите гимназијалци.
Во категоријата ученици од средно образование за најдобра песна:
-Христина Петкоска од III-1 го освои првото место (ментор проф. Ленка Јованоска)
-Маја Атанасоска од IV-8 го освои третото место (ментор проф. Христина Кочоска)
Во категоријата ученици од средно образование за најдобар расказ:
-Теодора Тасевска од IV-9 освои второ место (ментор Весна Михаиловска), а
-Деспина Јосифоска од IV-5 го освои третото место (ментор проф. Христина Кочоска)
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.