МК | EN | FR | DE
Како дел од проектната активност од природните науки - хемија, во континуитет се организираат посети на лаборатории на институции и производствени капацитети се со цел да се поттикнуваат учениците на интетес, креативност и примена на нови форми и методи во развојот на образовниот процес и нивната професионална ориентација.
Оваа учебна година беа посетени ПМФ - Институт за хемија и физика, каде учениците можеа да се запознаат со начинот на функционирање и организирање на наставата за студентите и учество во истражувачки проекти, лабораториите на Хемиско технолошкото училиште СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, каде имаа прилика да проследат, а и самите да импровизираат некои експерименти и хемиската лабораторија на ПИ Витаминка Прилеп, каде преку инструментални методи беа запознати со основните критериуми за анализа и синтеза на квалитетот на производите.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.