МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Прво место за нашите франкофони

 

гимназиската екипа на Франкофонијата

Група ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“ кои го изучуваат францускиот јазик зедоа учество на Натпреварот по франкофонски театар „Една личност - една професија“, во организација на Францускиот институт во Скопје. Натпреварот се одржа на 19.03 во Младинскиот културен центар во Скопје и на истиот учествуваа екипи од повеќе средни училишта во Македонија.

Нашата театарска екипа во состав Дарио Илиоски, Боркица Тинтоска, Симеон Мерипушкоски, Симона Стризлоска и Теодора Тасевска во режија и под менторство на професорката Мирјана Бошкоска, со волонтерите Yoan Schumacher и Albane de Lisle како сценаристи изведувајќи го на француски јазик десетминутниот скеч “Un métier peut en cacher un autre” („Позади една професија се крие друга“),  ја насмеа присутната публика и ја воодушеви жири комисијата.

театарска претстава на нашите франкофони Драма франкофонија 2016 франкофонија 2016 - претставафранкофоните од гимназија Мирче Ацев Прилеп дел од претставата франкофонија 2016 

Токму поради одличниот настап и впечатокот кај го остави, нашата театарска екипа го освои првото место на овој натпревар.

сите на сцената франкофонија 2016 ПОБЕДНИЦИ site natprevaruvaci Frankofonija Makedonija

Водени од желбата за повеќе меѓусебно дружење говорејќи го францускиот јазик и истакнување на своите таленти, со максимална посветеност и вложување на својот труд, учениците овозможија претставување на нашата Гимназија, а воедно и нашата држава на Франкофонијата на балканско ниво во месец април во Стара Загора, Бугарија.

Напишано од: Теодора Тасевска


Објавено на: 20 Мар 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија