МК | EN | FR | DE
На државниот натпревар во стрелаштво за средни училишта кој се одржа во Охрид, Викторија Тренческа го освои првото место.
Покрај тоа што се закити со златен медал, како награда доби право бесплатно да присуствува на летниот камп во Охрид, кој го организира Федерацијата за училишен спорт и Агенцијата за млади и спорт.
Во категоријата на младинци минатогодишниот шампион Антонио Николоски и вицешампионот Емануел Секулоски не го издржаа психолошкиот притисок и не се пласираа на првите три места.
На овај натпревар дебитираа Михаела Стојаноска, Ивана Наумоска и Јована Белушаноска ученички од прва и втора година.
Ментори на натпреварувачите им се Стерјоски Дејан и Ѓорѓиоски Гоце.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.