МК | EN | FR | DE
На ден 18 февруари се одржа регионалниот натпревар по математика за средните училишта. Оваа година домаќин беше Гимназија „Мирче Ацев“ –Прилеп. На натпреварот зедоа учевству ученици од Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар.
Учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:
I-година
Емилија Џајкоска освои III награда; - ментор: Афродита Стефаноска
II-година
Ана Георгиеска освои II-награда а Симона Тошеска освои пофалница; - ментор: Маријана Спиркоска
Ѓорѓи Коцевски освои III -награда; -ментор: Барбара Велјаноска
III -година
Славчо Премчески освои I -награда, а Андреј Мрчески освои II -награда; - ментор: Евгенија Нешкоска
Следува државниот натпревар што ќе се одржи на 18 март 2017 во Скопје. Им посакуваме многу среќа на учесниците од нашата Гимназија и се надеваме дека ќе се закитат со награда
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.