МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Родителите во улога на наставници

 

    Учениците од I-5 и I-2 клас, во понеделникот, на 15.02. 2016 год. имаа невообичаен класен час. Наместо нивните класни раководители, класниот час го одржа Александар Цветкоски, родител на еден од учениците во нашето училиште. Темата на часот беше „Интересната страна на историјата“.

родителот во улога на наставник

   Г-дин. Цветкоски, работи како кустос -етнолог во Завод и музеј Прилеп и на една од родителските средби прифати да се вклучи во проектот на МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.

   Подготовките за одржувањето на ваквиот вид на класен час беа во организација на професорите Весна Михаиловска и Николче Богданоски, а насоките за реализацијата на проектот ги даде училишниот педагог Светлана Барлакоска. Гостин на класниот час беше професорката Гордица Димитриевска Груеска а часот беше следен и од училишниот социолог Зоре Присаѓанец.

Родител - наставникпред учениците

   Воведниот дел беше од професорот Николче Богданоски кој го претстави гостинот кому му го препушти останатиот дел од часот.

   Часот беше замислен како дискусија за тоа колку младите познаваат интересни историски факти за Прилеп и пошироката околина, колку читаат книги и секако колку време трошат на интернет и Facebook. При крајот на часот г-дин. Цветкоски ги запозна младите со поставките и работатата на Музејот за тутун и Галеријата на икони од нашиот град.

родителот како предавач

 во училницатаМузеј за тутун Прилеп

   Часот пробуди интерес кај учениците кои изразија желба да ги посетат овие културни институции и да научат нешто повеќе за локалната историја, кутура и традиција и за пошироката историја на тутунот.

 

Фотографија: Марко Ристески


Објавено на: 15 Фев 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија