МК | EN | FR | DE
На државното пренство во шах кое се одржа во приватната гимназија „Алгоритам“ во Скопје учениците од нашата гимназија постигнаа голем успех.
Најголем успех постигна ученикот од IV 7 Давид Манески кој го освои второто место и се закити со сребрен медал и награда бесплатно учество на летниот камп во Охрид кој го организира Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата за училишен спорт.
Премчески Славчо се пласира на четвртото место, а ученичката од прва година Звездакоска Ана го освои петото место во женска конкуренција.
На натпреварот учествуваа и Христоски Бојан и Маџоски Трајче кои заедно со Манески Давид и Премчески Славчо во екипна конкуренција беа рангирани на второто место.
Ментор на екипата е Ѓорѓиоски Гоце
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.