На XIX-тата Македонска Олимпијада по информатика што се одржа на 17 и 18 април 2015 год. во просториите на ФИНКИ, учествуваа 25 ученици од основните и средните училишта во Република Македонија.
Од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп според претходно постигнатите резултати од Државниот натпревар по информатика, под менторство на проф. АнкицаСтеваноска Јанческа, учествуваа два ученика, Стефан Николоски од IV година и Марко Маркоски од III година.
Стефан Николоски на олимпијадата освои сребрен медал, а во горниот дел на табелата беше и Марко Маркоски.
Нашата Гимназија е единственото Средно општинско училиште чии ученици неколку години наназад постигнува високи резултати на државните и меѓународните натпревари по информатика.
Објавено на 20.04.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци