МК | EN | FR | DE
На 17 мај 2016, 62 ученици, освојувачи на први втори и трети места на најразлични државни и меѓународни натпревари во оваа учебна година, заедно со директорот Кире Николоски и професорите - ментори, во големата сала на локалната самоуправа, остварија средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Градоначалникот ги поздрави присутните и им посака и понатаму да постигнуваат врвни резултати, потенцирајќи дека прилепската Гимназија отсекогаш била расадник на интелектуалци, а таквата традиција треба да ја продолжат и сегашните генарации ученици и професори.
Гимназијата „Мирче Ацев“ е единственото училиште во градот, и едно од ретките средни училишта во државата, кое секоја година на многу полиња, постигнува високи резултати.
Фотографија: Бојан Илиески
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.