МК | EN | FR | DE
Во чест на Св.Никола, патронот на град Прилеп, во координација на проф.Ружа Ангелеска, втора година по ред од гимназијата „Мирче Ацев“ - Прилеп се организира хуманитарна акција за Домот за деца доенчиња и деца без родителска грижа во Битола.
Оваа година во акцијата се вклучија учениците на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп членови на Младинскиот Интеракт клуб од Прилеп и неговите пријатели од истоимениот клуб од Битола, кои организираа хуманитарна забава под наслов „Неон парти“. Од забавата собрани беа парични средства со кои се набавија чаршави за креветчињата во домот и средства за лична хигиена.
Атмосверата при посетата беше збогатена со вештите раце на неколку гитаристи и распеаните и весели ученици кои со љубов и радост ја исполнија просторијата и донесоа насмевки и задоволство на децата згрижени во Домот.
Во акцијата несебично се вклучи бившата гимназијалка Катерина Иванова Вангелова, која донираше повеќенаменски апарат за подготвување на храна, а редовниот поддржувач на сите хуманитарни акции П.И.Витаминка - Прилеп донираше пакет производи и подароци.
Целта на акцијата е да им посветиме колку што може повеќе внимание и да им подариме малку повеќе радост на најчувствителната и најранлива категорија деца, згрижени во Домот, а воедно и да се поттикнат на солидарност и хуманост сите други категории на граѓани за несебично да ги споделуваат своите материјални и духовни вредности.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.