МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Трето место по физика

 

На 7ми Мај 2016г, во просториите на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика, Скопје, во организација на Друштвото на физичари на Р. Македонија се одржа 59-тиот Републички натпревар по физика за учениците од средните училишта. На овој натпревар, од нашето училиште учествуваше ученикот Христијан Ржаникоски од II-5 клас, под менторство на професорката по физика м-р Марина Попоска и го освои третото место. Нему му беше доделена Диплома за освоено III место и награди во книги. Да напоменеме и тоа дека успехот на Христијан е поголем ако се има во предвид фактот што на натпреварот не беше доделено првото место.

Со овој резултат, Христијан си обезбеди учество на државната Олимпијада по физика, која ќе се одржи на 27-ми Мај, 2016г. во Скопје.

natprevar fizika

 


Објавено на: 10 Мај 2016

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија