МК | EN | FR | DE
Младиот ликовен уметник Славчо Павлески, ученик во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ освои трето место на традиционалната петта манифестација „Арт хепенинг“ организирана од Ротари клубот од Прилеп.
Манифестацијата се одржа на 03.11.2016 година а темите на ликовниот натпревар беа „Прилепчани низ историјата“ и „Ротари во служба на човештвото“
За учеството на манифестацијата на сите учесници им беа доделени благодарници, а делата од младите уметници ќе бидат изложени на аукциони изложби. Сретствата од истите ќе се наменат во хуманитарни цели.
Ментор на Славчо му е професорката по ликовна уметност Гордица Димитриевска Груеска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.