МК | EN | FR | DE
Ноември е месец на науката и по тој повод, во организација на Друштвото на физичари, Сојузот на хемичари, Македонско астрономско друштво, Друштвото на билози и Македонското географско друштво, во соработка со Природно – математичкиот факултет во Скопје, од 18 до 20.11. 2016 год. во Скопје се одржа манифестацијата „Ноември-месец на наука“ наменета за учениците од основните и средните училишта.
Оваа манифестација имаше натпреварувачки карактер. Некои од учениците се натпреваруваа во презентирање на практични проекти, а некои во решавање на „тест по природни науки“ кој се состоеше од по повеќе прашања од предметите биологија, физика, хемија и географија.
Искра Белческа, ученичка во втора година од нашата гимназија, се натпреваруваше во решавање на тест и го освои третото место во конкуренција од стотина ученици од втора година од средните училишта од Македонија. Ментор на Искра и беше професорката Христина Манческа.
Освен натпреварувачкиот дел, на манифестацијата организирана беше и посета на лабораториите на Природно-математичкиот факултет.
Целта на манифестацијата беше да се популаризираат природните науки и да се пробуди интересот кај учениците за нив.
Фотографија: Горан Попоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.