МК | EN | FR | DE
На ден 06.04.2016 во просториите на СОУ Гимназија „ Мирче Ацев “ - Прилеп беше одржано поучно предавање на тема „Трговија со луѓе“.
Предавањето беше во организација на Амбасадата на САД во Скопје, а предавачи беа Лаура Бурнс и Адриан Исмаили.
Големиот број на присутни ученици е показател дека кај младите луѓе постои вистинска заинтересираност за овој проблем кој во светски рамки зема се поголеми размери.
Како што беше кажано на предавањето, Македонија успешно се справува со овој проблем и е највисоко оценета во регионот за справувањето со трговијата со луѓе.
Ова предавање беше реализирано преку видео презентација и краток видео клип а се разви и дискусија меѓу присутните. Сето ова придонесе во добивањето подобра слика кај учениците за тоа како изгледа трговија со луѓе ширум светот и кој се може да биде жртва на трговијата со луѓе.
Целта на оваа активност беше подигнување на свеста кај младите луѓе за оваа појава и преземање на соодветни мерки за спречување на ваквиот вид трговија што претставува сериозна повреда на човековиот дигнитет.
Напишано од: Ивана Дукоска и Елена Ангелеска
Фотографија: Марко Ристески
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.