МК | EN | FR | DE
На иницијатива на Министерството за образование и наука, Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со „Вилфрид Мартенс“ центарот за европски студии од Брисел и CIVIC – Институт за меѓународно образование од Германија, на 19 и 20 ноември во просториите на нашата гимназија, реализира тренинг обуки – симулации на тема „Визии и желби за Европа. Модел на иднината на Европа“
Во тренинг обуките учествуваа 32 гимназијалци и професорите Мимоза Конеска, Христина Кочоска и педагогот Светлана Барлакоска.
Преку овие обуки Учениците имаа можност да се запознаат со Европската Унија, нејзините предизвици и нејзината улога во глобални рамки.
Од учениците учесници на тренинг симулациите,12 ученици заедно со уште 32 ученици од Гевгелија, Скопје и Кочани, беа избрани и присуствуваа на Европска академија во Маврово која беше организирана како тридневен семинар каде што учениците имаа можност преку интерактивни предавања да ги збогатат своите знаења на различни теми поврзани со Европската Унија, да дискутираат за актуелните прашања на миграциите, проширувањето на ЕУ, внатрешните политички текови во самата Унија, заштитата на животната средина, можностите на младите вклучени во програми за студиски размени и др.
Сите учесници во проектот „Визии и желби за Европа“ и Европската Академија се здобија со сертификати, ги збогатија своите знаења за Европската Унија и ги покажаа своите вештини во низа активности.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.