МК | EN | FR | DE
Традиционално, Локалната самоуправа - Прилеп организира отворен ден. На него, сите заинтересирани граѓани можат да се запознаат со работата на одделенијата во општината и нивните раководители, со функционирањето и работата во големата сала на општинската зграда, со едношалтерскиот систем, со инспекторатот, секторот за урбанизам, архивата, секторот за општо-правни работи, со Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, со секретарот, шефот на кабинетот на градоначалникот и да остварат средба со градоначалникот Марјан Ристески.
Нашите гимназијалци, неколку години наназад, на отворениот ден се редовни посетители на Локалната самоуправа и гости на Градоначалникот. При денешната посета, тие имаа можност, преку видео презентација да се запознаат со сите досегашни реализирани проекти на општината како и со проектите кои се во фаза на реализација и кои ќе му дадат современ лик на градот.
На крајот од посетата, учениците одговараа на новинарски прашања во врска со денешната нивна посета на Локалната самоуправа.
Заедно со учениците беа и професорот Кирил Јосифоски и училишниот педагог Светлана Барлакоска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.