MK | EN | FR | DE

logo
Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
  • gimnazija

    Нашето училиште

  • nagradi

    Успесите се наше секојдневие

  • vo opstina

    Во посета на Градоначалникот

  • gimfest

    ГИМФЕСТ - најдобриот училишен музички фестивал во Македонија

  • odbojka

    Ни нема рамни во одбојка

  • nagradi vo ucilisteto

    Освојуваме многу државни и меѓународни награди

  • procka

    Се забавуваме за Прочка

  • rock and roll

    Гимназискиот рок бенд

  • makedonium

    Го почитуваме минатото

  • fudbal

    Најдобри сме во фудбал

  • teatarska pretstava svejk

    Учествуваме во многу културни случувања во градот

  • nagradeni ucenici

    Математика, информатика, програмски јазици ...

  • gimnazijalci vo mtv

    Гимназијалците на МТВ

  • gimfest 2

    Гимназиска група игра модерен балет

  • gimnaziskiot hor

    Гимназискиот хор, најтрофеен хор во Македонија

  • karieren centar

    „Градиме кариера“ во гимназискиот кариерен центар

  • moda od otpadoci

    Креативноста на дело: "TrashFashion"

  • orkestar

    Гимназискиот оркестар

  • rok grupa

    Гимназиска музичка група

Ораторска вечер
„ЖИВОТНИТЕ ВРЕДНОСТИ ДЕНЕС“

Ораторска вечер Животните вредности денес

    По повод празникот „23-Октомври - ден на Македонската револуционерна борба“ и во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Мирче Ацев, патронот на нашето училиште, Младинската заедница на Гимназијата организираше ораторска вечер на тема „Животните вредности денес“.
   На ораторската вечер се натпреваруваа 9 ученици од нашето училиште, кои пред преполната сала на Градската библиотека „Борка Талески“ се претставија со своите ораторски вештини.

   Ораторската вечер ја отвори ученичката Доротеа Дамјаноска која ја испеа Химната на Македонија.
   За создавањето на Македонската револуционерна организација и за делото на Мирче Ацев говореше Надица Бунеска - претседателката на Младинската заедница. Таа ги запозна присутните со текот на ораторската вечер и ги претстави учесниците на истата.
   Потоа пред присутните кратко излагање за двата светли датуми од историјата на македонскиот народ, имаше градоначалникот на Прилеп, г-дин Марјан Ристески.

   На ораторската вечер со своите ораторски вештини се претставија: Сара Нешкоска, Илчо Лешникоски, Надица Чолакоска, Ангела Митреска, Деспина Силјаноска, Теодора Биноска, Цвете Јанеска, Стефани Мирческа и Анастасија Насевска.

   Комисијата која ги оценуваше ораторските настапи на учесниците на ораторската вечер беше во состав: Проф. Рубин Матески - претседател на комисијата, Проф. Елена Стојаноска, Проф. Димче Настоски, Проф. Николче Богданоски и претседателката на Младинската заедница - Надица Бунеска.

   На паузата, додека комисијата ги сумираше резултатите, пред присутните гости неколку музички нумери изведоа учениците Марко Цветаноски и Стефан Кукески.

Победници на оваа ораторска вечер беа:

Деспина Силјаноска - прво место
Сара Нешкоска - второ место
Надица Чолакоска - трето место

   На учесниците на ораторската вечер им беа доделени благодарници, а на победниците, Градоначалникот и Директорот на гимназијата им доделија дипломи и книги со кои ќе ги збогатат своите знаења и своите ораторски вештини.


Фотографија: Бојан Илиески, Христијан Јанкоски и Горан Попоски
Објавено на 22.10.2015

Гимназијата на:

 

Други настани:



Убавините на природата
Убавините на природата

Барем на миг да им подариме љубов
Барем на миг да им подариме љубов

Љубовден
Љубовден

Трето место за најдобар есеј
Трето место за најдобар есеј

Трето место за Леона
Трето место за Леона

Одбележување на „Светскиот ден на детето“
Одбележување на „Светскиот ден на детето“

Хуманитарен турнир во одбојка 2018
Хуманитарен турнир во одбојка 2018

Гимназијалците, најдобри рецитатори и поети
Гимназијалците, најдобри рецитатори и поети

Погледни повеќе настани во нашата WWW архива >>

 
 
Оди најгоре