МК | EN | FR | DE
На децата треба да им се чита
На децата треба да им се чита од мали нозе. Читањето ја поттикнува блискоста, ја развива меморијата, го стимулира говорот.
Така се раѓа трајната љубов кон книгата.
Децата од раното детство паметат прекрасни моменти и ситуации доживеани со родителите, токму преку книгата.
Децата стануваат читатели токму во прегратките на родителот. Читањето е активност која се пренесува од генерација на генерација.
Вие, почитувани родители, бидете им пример на своите деца. Помогнете им да го засакаат читањето. Научете ги дека книгите се најтивки пријатели и најтрпеливи учители.
Книгите ни го променуваат животот, ни ги ублажуваат проблемите, нè враќаат во минатото, нè понесуваат во иднината ...
Затоа, читајте и запомнете:
„Кој е наведнат над книгата, тој оди исправено!“
Напишано од:
Стручен соработник - библиотекар, проф.Рената Думбаловска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.