МК | EN | FR | DE
Светот со книга или без неа
(криза на читањето)
Можеби многумина размислуваат колку сме одговорни за сето она што им го оставаме на децата!
На сите ни е познато дека настапи т.н. криза на читањето.
Се чини дека овој проблем е многу посериозен отколку што е свесно нашето општество. Зрелиот, сериозен граѓанин во јавниот живот мора секојдневно да говори, да пишува, а често и јавно да чита.
Културата на неговото изразување е постојано на испит. Затоа, овој проблем не треба да биде грижа само на училиштата, туку грижа и на родителите и нашето општество во целост.
Што би се случило со човекот ако духовно слабее, а интелектуално се троши?
Како да се измери тежината меѓу мас-медиумите од една страна и книгите од друга? Оваа тема заслужува голема, сеопфатна и честа дискусија, бидејќи оваа состојба не е само моментална читачка криза, туку проблем кој треба сериозно да се решава.
Познатиот Гете читал речиси осумдесет години, а сепак ценел дека тоа е малку.
Напишано од:
Стручен соработник - библиотекар, проф.Рената Думбаловска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.