МК | EN | FR | DE
Изложба на Давид Дамјаноски
Давид Дамјаноски е роден 1999год. во Прилеп.
Завршил основно образование во ОУ „Кочо Рацин”- Прилеп.
Уште од мали нозе се интересирал за цртањето, читањето книги, пишувањето и географијата, односно за уметноста.
Љубител е на патувањата, особено на оние авантуристичките. Обожува да открива нови нешта, а со цртањето се открива себе си. Ако со читањето се понира во душата на личностите кои стојат зад книгите, така со цртежите се овозможува разоткривање на оној кој ги создава.
Учествувал на бројни регионални, државни и меѓународни натпревари и литературни конкурси и освојувал први, втори и трети места. Моментално учи во СОУ Гимназија „Мирче Ацев”- Прилеп.
На ден 16.05.2016 (понеделник) беше отворена првата самстојна изложба на 25 цртежи на Давид Дамјаноски во техника фломастер и молив. Изложбата беше официјално прогласена за отворена од страна на проф. по ликовна уметност, Марта Макеска и Давид Дамјаноски. Кратко за изложбата и за творбите на Давид се признесе и Стефан Наумоски, соученик на Дамјаноски, а беше прочитан и наградениот расказ на Давид, со наслов „Бегство“.
На отворањето беа присутни ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, класниот раководител на ученикот- уметник, Евгенија Нешкоска, роднини, пријатели, како и останати намерници заинтересирани за уметноста.
Еве некои од уметничките дела на Давид.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.