Интернет. Современ начин на комуницирање, забава, зависност која го окупира целиот свет. Интернет, Facebook, Twitter, Google... и уште многубројни сајтови достапни на магичната мрежа наречена интернет.
Дали интернетот претставува предизвик, потреба или придобивка на новото електронско време?
Исто како јинг-јанг така и интернетот. Google има одговор за секое наше прашање. На wikipedia има податоци за се колку ни душа сака.
Зошто да читаме лектири кога кратката содржина ја има на интернет.
Што ќе ни се повеќе старите енциклопедии кои и онака служат само за собирање на прашина. Совети за убавина и мода, зошто би купувале модни списанија кога се ни е тука бесплатно. Секоја пропуштена епизода од омилената серија можеме да ја гледаме во било кое време со само еден клик на глушецот... Корисно, зарем не?
Секако да не ги заборавиме најпопуларните социјални мрежи како facebook, twitter, my space и многу, многу други. Додека порано нашите пријатели ги баравме на мобилен сега без да трошиме кредит и да се ограничуваме колку време ќе си муабетиме, плашејќи се од сметката, сега можеме со часови безгрижно да се читкаме на „ chat“ на facebook. Наместо да излеземе и да се видиме во живо ние седиме на facebook. Времето кое го трошиме седејќи здрвено и згрбавено на столицата озрачени од мониторот е доволно за да излеземе на прошетка, да повозиме велосипед или да прочитаме некоја книга.
- Има живот надвор од „facebook“
- Навистина ?
- Дај ми линк!
Taжно но вистинито. Станавме робови на интернетот. Се повеќе и повеќе ги губиме вистинските вредности. Ние денешниве генерации го имаме изгубено чуството за пријателство а тоа секако не е тричасовно четување и тагнување на милион фотографии. На крајот на краиштата и кога нашите баби и мајки биле деца немало интернет па биле среќни и светот функционирал. Додека порано на момчињата им требало време да соберат храброст да и се додворуваат на некоја девојка сега тоа е мнгоу полесно благодарение на опциите like и poke. Полека стануваме деца без детство, ученици без прочитана лектира, тинејџери без чуства и пријатели без вистински познанства.
И на крај, мојот коментар:
Like за игрите на маaлската уличка.
Like за изгребаните детски колена.
Like за скршениот прозорец на соседот со фудбалската топка.
Like за срамежливите погледи со момчињата од соседната улица.
Like за сите прочитани книги, лектири и енциклопедии.
Like за украдените сливи од дворот на дедо Миле.
Like за тремата и црвените образи додека и се додворуваш на девојката.
Ми се допаѓа Коменирај Сподели
Ивана Секулоска II-6
ментор проф. Весна Михаиловска
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци