МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Интервју со Бојан Иваноски – Cyrillic

 „Работете на своите соништа, затоа што трудот секогаш се исплати!“

Бојан Иваноски Cyrillic

•  Знаеме дека сте поранешен гимназијалец. Па, дали можете да ни кажете нешто повеќе за вашето школување во гимназијата?

   Како поранешен гимназијалец имам само позитивни спомени од средношколските денови. На моменти ми недостасуваат дружбите со школските, ми недостасуваат и дел од професорите кои беа кул, школскиот двор, Сникерс... Сè помина многу брзо и убаво.

•  Дали гимназијата имаше некакво влијание врз вашата кариера?

   Секако дека тие 4 години имаат голем удел во тоа како ќе се развиеш ти како личност и спрема што се насочуваш понатаму. Така што не случајно после моето школување во Гимназијата, започнуваме со градење на нашата кариера заедно со брат ми.

 Бојан со школски другари
Со другарите од гимназиските денови

•  Кои беа вашите мотиви за да се борите да ја достигните вашата цел?

   Пред се, големата љубов кон музиката, ни беше најголем мотив. Започнува од сон, кој се трудиш да го оствариш, а ќе го оствариш ако искрено го посакуваш нештото.

•  Како дојдовте до идејата за името Cyrillic?

   Кога го смислувавме името сакавме да има посуштинско значење и да биде поврзано со Македонија. И така дојдовме до името Cyrillic (Кирилица) што за нас означува некаква преродба во однос на она што ние го работиме тука

Кирилик в'Гимназија
Бојан, ги забавува гимназиските матуранти

•  Дали и колку успехот ве има променето?

   Нормално е успехот да ги менува луѓето и тоа е добро кога ги менува на позитивен начин, што се надевам дека е случај и кај нас. Најдобро за тоа колку не има сменето, може да одговорат нашите блиски.

•  Дали е тешко да ја забавувaте публиката кога воопшто не ви е дојдено до забава?

   Ретки се тие моменти кога не ни е дојдено до журка, нормално дека имало и такви. На крајот од вечерта испаѓале добри журки.

•  Што би промениле на македонската музичка сцена?

   Би го промениле фактот што има малку артисти.

•  Што би им препорачале на младите музички надежи кои можеби сакат да го следат вашиот пример?

   Би им кажале дека и ние сме биле како нив, сме учеле во тоа училиште, сме седеле во истите клупи и сме сонувале за нешто големо. Работете на своите соништа, затоа што трудот секогаш се исплати!

Интервјуто го реализираа:
Дивна Пеоска,
Елена Павлеска,
Васе Колароска и
Фросина Талеска
Интервјуто е дел од поголем проект по предметот Историја, под менторство на проф.Кире Николоски


Објавено на: 15 Мар 2020

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија