МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Интервју со Леона Митреска

   Леона Митреска е матурантка во прилепската Гимназија. Се занимава со глума и досега има глумено во неколку театарски претстави. Проследете го краткото интервју со неа.

Леона Митреска

•    Колку долго се занимаваш со глума и каде глумиш моментално?

   Глумам веќе 5 години, моментално сум член на театарот „Чин 4 сцена 5“.

•    Во колку претстави до сега имаш глумено и дали можиш да ни наброиш некои од нив?

   Имам глумено во 7 претстави и тоа: „Одисеја“, „Фејдовизија травестикана“, „Како се гледа претстава“, „Три писма“, „Викенд на мртовци“, „План за стан“ и „Кралски фестивал“.

leona teatar 

•    Дали имаш учествувано и во некои други проекти?

   Да, во многу проекти сум работела како наратор, односно мојот глас се користел како позадина на видеа и реклами. Во јануари го снимав филмот „Новиот почеток" во режија на Тања Симоновска, ова е нејзин дипломски филм во кој јас ја играв главната улога веднаш покрај познатиот македонски актер Александар Микиќ кој исто така имаше главна улога.

•    Дали моментално работиш на некој проект?

   Моментално работам како актер во младинската кампања „против трговија со луѓе" и паралелно ја очекувам и премиерата на филмот.

•    Дали има некои интересни случки додека се спремаат овие проекти и ако има можеш ли да ни раскажиш некои од нив?

   Театарот и филмот се навистина една посебна магија во која се случуваат секакви нешта, како што се на пример падови позади сцена или на сцена, намерни пренкови од останатите колеги додека сме на сцена, или пак на пример на снимањето на филмот од преголем замор заспав на маса во ресторан додека ја чекав екипата да се подготват за следната сцена. Се случи и возот од Скопје за Прилеп да доцни бидејќи моравме да снимиме сцена внатре додека чудно ме гледаа стотина луѓе.

leona teatar

•    Што планираш за понатаму во животот, дали планираш да продолжиш да се занимаваш со глума?

   Планирам да се запишам на факултетот за драмска уметност во Скопје и да продолжам и понатаму со глума.

•    Каде се гледаш за 10 години?

   За 10 години се гледам како дипломирана актерка, вработена во некој театар, со многубројни проекти, но додека да поминат тие години и за да се оствари замислата ме чека многу работа и труд.

•    Омилен актер/актерка?

  Омилен актер ми е Илија Волчески.

teatarska pretstava

•    Ти благодариме за отстапеното време за интервјуто и ти посакуваме многу успеси во иднина.

   Ви благодарам и јас.

Интервјуто го реализираа:
Даниела Димитриоска,
Лора Штаргоска и
Катерина Здравеска


Објавено на: 23 Мај 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија