Успесите на учениците во гимназијата континуирано продолжуваат. Пример за тоа е ученикот Марио Ангелевски од III-3 клас, кој непобедливо реди успеси во музиката. Со освоените музички награди, своите музички видеа и несомнено големиот талент, Марио е гордост на гимназијата. Во продолжение дознајте нешто повеќе за неговата љубов кон музиката и неговите постигнувања.
1. Очигледно е дека музиката е твојата најголема љубов. Од кога кај тебе се појави желба за пеење?
- Добро сте забележале околу мојата најголема љубов. Со музика се занимавам од многу мал, а со активно пеење во последниве 2-3 години.
2. Од кого го наследи талентот?
- Талентот за музика дефинитивно го имам добиено од мојот татко кој е поранешен тапанар. А талентот за пеење јас велам дека е дар од Бога на кој многу му благодарам што одлучил вака да ме награди.
3. На кои музички фестивали имаш учевствувано ?
- До сега сум учевствувал на 2 фестивали. Сум учевствувал на Гим фест, вториот фестивал беше Кавер фестивал.
4. Дали имаш освојувано награди,и ако имаш, какво е чувството после тоа?
- До сега сум освоил 2 награди, едната на Гим фест 3то место и 2ро место на Кавер фестивал. Искрено кажано обожавам да освојувам награди хаха. На Гим фест не очекував награда па затоа радоста беше во голема количина, за разлика од Кавер фест на кој очекувано ја зедов наградата. Нормално дека и на вториот фестивал бев многу среќен но умерено.
5. Во последниве денови актуелни се твоите две музички видеа. Како се одлучи за снимање, кој те поддржуваше и кој ти помогна во остварувањето на замислената цел?
- Како што е веќе познато заедно со мој другар и соученик Давид Јакимов уште пред 2 годни почнавме да изработуваме кавери на песни. Мислев дека не е доволно да се снимаме така народски речено „по дома“, па одлучив да го запознаам народот со моето така да речам друго лице, да покажам дека јас знам нешто повеќе, со еден збор да го презентирам она најубавото од мене. За реализација се разбира ми помогнаа родителите ,исто така како поддршка беа тука и пријателите а и дел од професорите кои добро ме познаваа. За реализацијата морам да се заблагодарам на основното музичко училиште во Прилеп, домот на култура Марко Цепенков и се разбира најголема благодарност до мојот пријател Христијан Конески кој се потруди видеата да изгледаат онака како што се сега.
6. Раскажи ни како изгледа снимањето на едно видео? Колку време ти требаше и како изгледа целото искуство за тебе?
- Снимањето на едно видео би рекол дека е навидум лесно и едноставно но навистина е тешко и исцрпувачки за изработка. За изработка ми беше потребен период од еден месец. Во изработката се состојат: подготовки, студиска снимка и изработка на видеото. Како искуство за мене претставува голем чекор кон мојата цел во животот и една скала погоре.
7. Кои се твоите планови за во иднина?
- Обично јас сум човек кој гледа повеќе на сегашноста затоа не би можел конкретно да кажам, би рекол само времето ќе покаже. Се разбира дека сакам да бидам музичар, со тоа би го живеел сонот. Се разбира дека еден ден секој човек би поскал љубовта да му премине во работа, да го прави она што го исполнува. Засега би сакал да продолжам со изработка на кавери, сакам да учевствувам и на некои талент шоуа и да пробам да направам од себе она што ми е замислено.
8. Што би им порачал на оние кои се занимаваат со музиката и ја сакаат, но се несигурни да донесат одлуки кои би ги однеле до успехот?
- Јас мислам дека сеуште не сум доволно надарен да давам препораки бидејќи имам само 16 години но како еден од љубителите само би кажал: Ако сакаш нешто,почни да остваруваш без разлика колку изгледа тешко. Без разлика колку изгледа тешко да бидеш добар музичар во нашето општество пробај да го смениш тоа. Ако се чувствуваш доволно добар и сигурен во себе пробај да им докажеш на другите што е добро и ако нешто ти пречи не избегнувај го туку промени го како тебе ти одговара. Инаку патот уште не сум го пронашол но би сакал да го најдам и да тргнам по него.
9. Ти посакуваме и оваа година да ти биде успешна како и минатава, да видиме уште многу твои музички видеа, па очекуваме и една лично твоја песна. Ти благодариме за одвоеното време.
- Ви благодарам и вам за посветеното внимание и за искрените честитки.
- Поздрав ... И ... до следниот разговор.
Интервјуто го водеа Бисера Мицеска и Елена Ѓорѓиовска III-1 клас
31.01.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци