МК | EN | FR | DE
Интервју со Матеа Талеска
Матеа Талеска е матурантка во прилепската Гимназија. Таа е одлична ученичка која активно се занимава со карате и зад себе има бројни успеси во овој спорт. Направивме кратко портрет - интервју со неа.
• Колку време тренираш карате и каде, во кој клуб?
Тренирам веќе 13 години, до минатата година тренирав во карате клубот Ронин а сега тренирам во карате клубот Бонсаи.
• Дали имаш освоено некои награди?
До сега имам освоено над 60 медали и дипломи, имам освоено и неколку пехари.
• Каде сѐ се имаш натпреварувано?
Покрај во Македонија се имам натпреварувано и во Кипар, Црна Гора, Србија, Данска, Турција, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
• Дали и понатаму во животот планираш да се занимаваш со овај спорт?
Да, понатаму планирам да продолжам како професионална каратистка.
• Каде се гледаш за 10 години?
За 10 години се гледам во друга држава, која вложува во спортистите и има добри тренери. Па се надевам и дека ќе имам поголем успех.
• Омилен каратист или каратистка?
Омилена каратистка ми е светскиот првак Сандра Санчез од Шпанија.
• Дали има некои интересни настани во текот на твоите натпревари или патувања на кои си била?
Секој натпревар има интересни настни но посебно ми остана, во сеќавање првиот натпревар надвор од Македонија. Имав 11 години и бев на натпревар во Кипар. Прво патувавме со авион до Кипар, требаше да тргнеме во 23 часот но авионот доцнеше и тргнавме дури во 5 часот наутро, а во 9 часот истото утро започнуваше натпреварот. Хотелот го баравме одејќи пешки со куферите во рацете, бев мала и имав 30 килограми а куферот беше потежок од мене, исто така во хотелот немаше лифт па морав да одам по скали до последниот спрат, да се качувам со куферот сама без некој да ми помогне, и кога конечно се сместивме отидовме на натпреварот, но доцневме. Тој ден се натпреварував во ката тим заедно со други две девојчиња и освоивме второ место, што значи бевме вицешампиони на Балканот и покрај се што ни се случи по пат.
• Ти благодариме за отстапеното време за интервјуто и ти посакуваме многу спортски успеси во иднина.
Ви благодарам и јас.
Интервјуто го реализираа:
Даниела Димитриоска,
Лора Штаргоска и
Катерина Здравеска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.