МК | EN | FR | DE
Штотуку започна во реализација јубилејната триесет и петта сезона на зимски семинари во Истражувачката станица – Петница, Република Србија, за талентирани средношколци кои се заинтересирани за природни, математички и општествени науки.
Оваа година вистинска прилика им се укажа на две ученички од нашата гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп да бидат дел од организираните едукативни работилници во Петница во областа на хемијата.
Ученичките Елена Ангелеска и Ивана Дукоска беа избрани за учество во работилницата заедно со свои врсници од различни земји како Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора... Со тоа тие беа претставници на нашето, училиште, нашиот град и нашата држава.
Како учеснички на семинарот по хемија, тие успеаа да стекнат многу нови знаења од областа на хемијата и нејзината практика во секојдневниот живот преку работилници, вежби, кампови, дружење и едукација на повисоко ниво.
Гимназијалките Елена и Ивана се одлични ученички кои овие стекната искуства ќе ги споделат со своите соученици од Гимназијата и ќе продолжат да напредуваат во областа на хемијата.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.