МК | EN | FR | DE
Проект „Цркви и манастири во Прилеп и Прилепско“
Бидејќи на часот по историја учевме за укинувањето на Охридската архиепископија и за средновековни културни остатоци во Македонија, професорот по историја даде предлог за проект на оваа тема. Заинтересираните дигнавме рака и за неколку недели изработивме, за нас прекрасен и многу драгоцен, проект.
Во проектот вложивме многу труд, како екипа бевме сложни и на љубопитен и по малку рекреативен начин истражувавме и научивме многу за околните светилишта кои не опкружуваат.
Разговаравме со жителите на населените места, со монаси и монахињи од кои собиравме податоци кои ни беа потребни за проектот.
За реализацијата на проектот ги посетивме:
Работејќи го проектот прошетавме низ историјата. Се сретнавме со историјата на античка Македонија со материјалните остатоци во црквата „Св.Богородица“ во с.Бела Црква и манастирот „Свето Преображение“ во с.Зрзе. Се сретнавме со средновековието кога го разгледувавме и дознававме за минатото на манастирот „Св.Архангел Михаил“- во Варош. Посетивме и светилишта од денешно време.
Ова истражување, прошетката по населените места и посетата на овие значајни културно-историски споменици ни причинува задоволство и исполнета душа.
Проектот го изработија:
Јошеска Марија,
Качороска Александра,
Ефтинџиоска Сања,
Мискоска Елена и
Крстеска Марија
2019/2020 год.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.