МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Разговор со Елеонора Михаиловска,
по повод освојувањето на сребрен медал
во модерни танци

 

Елеонора Михаиловска

На 26 и 27.03.2016 год.  во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје се одржа интернационален натпревар во модерен танц „Macedonia open 2016“. Организатор на овој натпревар беше танцовиот клуб „Prima Danza“ од Скопје. Во овие два дена во повеќе категории се натпреваруваа 2500 танчери. Во категоријата „latino show solo F adult“ гимназијалката Елеонора Михаиловска го освои второто место и доби сребрен медал.

Елеонора е одличен ученик во втора година во нашата Гимназија. Танцува повеќе од  11 години и досега има освоено 12 медали на државни и интернационални натпревари.

По повод освојувањето на сребрениот медал на меѓународен натпревар, направивме кратко интервју со неа.

 

На колку години започна да танцуваш?

- Започнав да танцувам од мојата 6-та година и танцувам повеќе од 11 години.

Во кој танц клуб членуваш?

- Членувам во танцовиот клуб ТСК Темпо – Прилеп.

Какви видови на танци знаеш да танцуваш?

- Првично тренирам латино-американски и стандардни танци, но исто така имам познавања во хип-хоп танцот, како и модерните танци.

На колку натпревари имаш учествувано?

- Имам учествувано одприлика на 10 државни натпревари, 6 интернационални и безброј бодовни натпревари.

модерен танц на патрониот празник

Зошто одлучи да се пријавиш на овој натревар кадешто го освои второто место?

- Се пријавив за да си докажам себе си дека сум способна и можам да танцувам помеѓу најдобрите.

Кој ти дава најголема поддршка?

Најголемата поддршка секогаш ја добивам од родителите. Исто така голема поддршка имам од клубот во кој членувам.

Кои правила треба да ги исполнуваш за да учествуваш на натпреварот?

За да учествуваш на натпревар треба да имаш соодветна кореографија и костимографија која ќе ти одговара на тематиката на танцот кој го играш во соодветната категорија, специјални обувки и нормално да си член на Државната Танцова Спортска Федерација на Македонија.

Кој ти помагаше околу подготовките?

- Околу подготовките најмногу ми помагаше менаџерот Славица Илиоска, како и мојот тренер Димитар Кимоски.

eleonora mihailovska

Колку време ти беше потребно да се подготвиш за натреварот?

- За овој натпревар имав многу краток период за подготовка. Околу 2 недели.

Имаше ли трема пред натпреварот?

- Не, воопшто немав трема пред натпреварот.

Напомена дека натпреварот е од интернационален тип. Каква беше конкуренцијата на натпреварот?

На овој натпревар имаше преголема конкуренција и тоа од држави како Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Унгарија и сл.

Дали очекуваше дека ќе го освоиш второто место?

На овој натпревар имав многу мали очекувања, мислев дека воопшто нема да се пласирам.

Дали на натпреварот имаше друг натпреварувач од нашиот град?

Не, јас бев единствена од Прилеп којашто учествуваше.

Се чувствуваш ли горда на себе си поради освоеното второ место?

Да,.. многу се радувам поради тоа што ја постигнав мојата цел за која се пријавив на овој натпревар. Овој успех ме мотивира да продолжам да напредувам во модерните танци.

И на крајот само да ни објасниш зошто го одбра танцот?

Мене најпрво родителите ме запишаа на часови по танц, но со текот на времето јас целосно се заљубив во танцот, затоа што имав голема слобода да ги искажам своите емоции.

tim novinarki

Ти благодариме за одвоеното време за интервју со нас и ти посакуваме уште многу успеси во модерните танци!

Ви благодарам и јас за вниманието кое ми го посветивте.

 

 

Напишано од:

Новинарскиот тим и Елеонора

Мартина Димитриоска, Лина Димеска и Андреа Талеска

 


Објавено на: 07 Апр 2016

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија