МК | EN | FR | DE
Поезија од душата
Кога љубовта е главната водилка на срцето, од душата секогаш се излеваат зборови кои се полни со емоции и страст...
Христина Ангелеска предводена од љубовта на 04.02.2016 година ја промовираше својата прва збирка поезија „Стравови“ во киното „Мис Стон“. На промоцијата присуствуваа ученици, професори, пријатели и љубители на убавиот збор, а во реализацијата на промоцијата беше вклучен тим на ученици од нашето училиште.
Следува интервју со Христина
Инспирација за поезијата која ја создавам е љубовта и реалноста, а за објавување на книга мотивација беше да се создаде еден уметнички чин со кој ќе се овенча нашата љубов.
Песните имаат романтичарски, надреалистички и реалистичен бран.
Љубовта кон поезијата сум ја имала отсекогаш, а интезивно почнав со пишување и читање на 15-16 години.
Ова ми е прва книга, а за промоцијата сметам дека беше уметнички акт со фантастичен тим на талентирани млади луѓе.
За промоцијата се спремавме околу 20 дена, идејата за настанот ја имав во глава од поодамна но не мислев дека навистина ќе ја реализирам.
На оние кои ја сакаат поезијата би им препорачала да читаат, читаат, читаат! Да ги заборават осетите за она што е евидентно и да влезат зад границите на искуството. А за тие што сакаат да објават книга немам никаков империјалистички совет. Славете ја поезијата во вашите интимни кругови, таму најмногу ја има уметноста.
Благодарам и јас.
Интервју: Елена Ѓорѓиовска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.