МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo

Врз основа на КОНКУРСОТ од Министерството за образование и наука на РМ

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“- ПРИЛЕП
ОБЈАВУВА


ИНТЕРЕН ОГЛАС

ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА
во учебната 2020/2021година

   Во прва година во СОУ Гимназија Мирче Ацев со настава на македонски јазик и кирилско писмо ќе се запишат според наставните планови и програми за:

1. Гимназиско образование – 306 ученици, 9 паралелки, минимум 60 поени:

- Природно – математичко подрачје (комбинација А)
- Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
- Општествено - хуманистичко подрачје (комбинација А)
- Општествено - хуманистичко подрачје (комбинација Б)
- Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)
- Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

2. Една истурена паралелка за фудбал (за ученици кои ги поминале селективните тестирања од стручни комисии и се примени.)

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

   Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2020/2021 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за Спортската академија и со овој Конкурс.
   Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.
   Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

   Условите за запишување на учениците се:
- да имаат завршено основно образование;
- да не се постари од 17 години;
- да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

а) гимназиско образование;
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

  За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.
   Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

   При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

- пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје; -
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

   Учениците при пријавувањето во спортската академија треба да достават и потврда за способности за спортски вештини за спортот за кој ученикот е проверуван.

 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

   Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавувања во месец јули.

   Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

   Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката. Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2020 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година.

   Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

   Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

   Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

   Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.

   Утврдениот број минимум поени за пријавување во гимназиското образование е составен дел на Конкурсот и останува ист во сите уписни рокови.

  По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, после секое пријавување, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително треба да си ја подигнат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.


КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

   Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
−дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.

   За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

   За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

1

2

3

4

Ред. Бр.

Гимназиско образование: 

Наставни предмети кои се задолжителни

Наставни предмети кои се од значење за изборното подрачје

1

Природно – математичко подрачје (комбинација А)  

мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик)

-математика, физика

2

Природно – математичко подрачје (комбинација Б) 

мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик)

-математика, биологија 

 

3

Општествено - хуманистичко подрачје (комбинација А) 

мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик)

-математика, историја 

 

4

Општествено - хуманистичко подрачје (комбинација Б) 

мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик)

-математика, историја 

 

5

Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)

мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик)

-математика, историја 

 

6

Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

мајчин (македонски јазик) и странски јазик (англиски јазик)

-математика, историја

   За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

   За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

   За учениците кои завршиле деветто одделение во нашата држава, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

   Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

 

   АПРИЛ 2020г.

ДИРЕКТОР     
Димче Настоски

 

 

СООПШТЕНИЕ ЗА РАСПОРЕД ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

 

ВО  УЧЕБНАТА 2020/2021

 

 

 

Драги деветтоодделенци,

 

Ве известуваме дека запишувањето во средните училишта во Општина Прилеп ќе се реализира во термините 16, 17 и 18 јуни од 07 часот до 19 часот, а на 19 јуни од 07 часот до 13 часот.

 

Запишувањето според Протоколот на Министерството за образование и наука за упис на учениците оди по следниот редослед, ПО АЗБУЧЕН РЕД НА ПРЕЗИМЕТО и тоа:

 

- на 16 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од А до Ѕ;

 

- на 17 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од И до П;

 

- на 18  јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од Р до Ш;

 

- на 19 јуни сите ученици кои поради различни причини не успеале да се запишат во претходните три термини, без разлика на презимето.

 

При уписот строго ќе се почитуваат правилата за заштита од Ковид 19 заразата, со задолжително носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри.

 

Пријавата за упис ќе биде доставена до секој деветтоодделенец во неговото училиште при доделувањето на сведителствата за завршено деветто одделение.

 

Пријавата треба да биде потполнета од страна на ученикот и заедно со сведителствата за

 

VI, VII, VIII и IX одделение, извод од матичната книга на родените и диплома за највисоко освоено место на државни и меѓународни натпревари.

 

Комплетните документи ги доставува самиот ученик или во оправдани ситуации на негово отсуство еден од родителите или старателите.

 

Директорите од средните училишта

 


 

НАПОМЕНА: Поради актуелната состојба со Корона вирусот, доколку има нови насоки од МОН, навремено ќе бидете известени


пдф формат Преземи го огласот во PDF формат

 

Настани
07 Јул 2020
Награда за физичарите иноватори при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Награда за физичарите иноватори при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

   „Паметна сушара за тутун, чај и други билки“ - проект на гимназијалците физичари - иноватори.

29 Јун 2020
За генерацијата матуранти 2019/2020
За генерацијата матуранти 2019/2020

    Во саботата на 27.06.2020 г. на матурантите од Гимназијата „Мирче Ацев“ им беа врачени дипломите.

06 Мај 2020
Со видео рецитација на „Бели мугри“ учениците од прилепската гимназија го одбележаа Денот на македонската азбука
Со видео рецитација на „Бели мугри“ учениците од прилепската гимназија го одбележаа Денот на македонската азбука

   Видео рецитација на учениците од Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп по повод Денот на македонската азбука

03 Мај 2020
Во чест на Гоце Делчев, Пере Тошев и солунските атентатори
Во чест на Гоце Делчев, Пере Тошев и солунските атентатори

   Прилепските гимназијалци со видео проекти, им оддаваат почит на Гоце Делчев, Пере Тошев и „Гемиџиите“

29 Апр 2020
Гимназијалците домаќини  во првиот дел на RYCO проектот
Гимназијалците домаќини во првиот дел на RYCO проектот

   СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп беше домаќин во првиот дел на меѓународниот RYCO проект

18 Фев 2020
Трибина за социјалните мрежи
Трибина за социјалните мрежи

   Во гимназијата „Мирче Ацев“ се одржа трибина за добрите и лошите страни на социјалните мрежи

25 Јан 2020
Троен празник на Гимназијата „Мирче Ацев“
Троен празник на Гимназијата „Мирче Ацев“

   Гимназијата прослави Патронен празник, 75 години постоење и 70 години од првата генерација матуранти.

01 Јан 2020
Само дома си е дома
Само дома си е дома

   Се одржа десеттата по ред гимназиска поетска вечер со наслов „Само дома си е дома“

Нешто лично
18 Јун 2020
Педагог
Педагог

   Краток филм за проф.Вера Сувочалмоска, првиот педагог во средните училишта во Прилеп

09 Мај 2020
Екскурзија низ текст и слики
Екскурзија низ текст и слики

   Проект на гимназијалките Вероника Кукеска и Кристина Каламукоска

23 Апр 2020
Извидници
Извидници

   Ученичката Милена Спиркоска изработи интересен проект „Историјат на извидничкото движење“

19 Мар 2020
Македонка во Кина за време на пандемијата
Македонка во Кина за време на пандемијата

   За животот во Кина за време на пандемијата разговараат Ања Еклер со Александра Ацеска

Гимфест
гим-фест
gimfest 2018
gimfest 2017
gimfest 2016
гим-фест
gimfest
gim-fest
гимфест
Нешто задолжително

Контакт:

Средно општинско училиште

ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ - Прилеп

Ул.„Прилепски бранители“

бр. 96а

7500 Прилеп

тел/факс: ++38948425841

e-mail контакт



Гимназијата на:


facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo

 

Контакт форма:







Пресметај:



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2020
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија