МК | EN | FR | DE
Последно објавено:
Врз основа на КОНКУРСОТ од Министерството заОбразование и наука на РСМ, СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ – ПРИЛЕП ОБЈАВУВА꞉
ИНТЕРЕН ОГЛАС
ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА 2023/2024 година
Во прва годинаво СОУ Гимназија Мирче Ацев со настава на македонски јазик и кирилско писмо ќе се запишат според наставните планови и програми за:
1. Гимназиско образование – 306 ученици, 9 паралелки, минимум 60 поени, во следните подрачја:
Утврдениот минимум број поени за пријавување е составен дел на овој Конкурс.
За упис во гимназиско образование, намалувањето на утврдениот минимум број на поени не е дозволено.
2. Една паралелка за фудбал во состав СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - (за ученици кои ги поминале селективните тестирања од стручни комисии и се примени.)
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2023/2024 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за Спортската академија и со овој Конкурс.
Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Критериуми за избор на учениците се:
За учениците кои се пријавуваат за упис во Спортската академија покрај горенаведените критериуми за избор, се вреднуваат и способностите за спортски вештини согласно Законот за Спортска академија.
Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:
- за гимназиско образование - мајчин јазик и математика;
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10). За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на ранг листата , учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk
Првото пријавувањена учениците ќе се врши на 20 јуни до 24:00 часот и на 21 јуни, 2023г до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни 2023г на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето на учениците ќе се врши на 22 јуни 2023 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот и на 23 јуни 2023 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2023 година, на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk .
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27јуни 2023 година до 24:00 часот и на 28 јуни 2023 година до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици ќе се објави на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштето е на на 29 јуни 2023 година од 12:00 часот до 19:00 часот и на 30 јуни 2023 година од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година најдоцна до 12꞉00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk .
Квалификациското тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk .
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавувањето на учениците ќе се врши на 21 август 2023 година до 24:00 часот. Ранг листата на запишани ученици ќе се објави на 22 август 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 август од 10:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Конечната ранг листа за училиштето со резултатите од запишувањето ќе се објави на 23 август 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласна табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
Директорот на средното училиште формира Училишна комисија за запишување на ученици, која ја сочинуваат 5 (пет) членови и тоа: - директор на училиштето; - 4 (четири) членови од редот на наставниците и стручните соработници во училиштето. Претседател на комисијата е директорот на училиштето, а комисијата може да има и заменик претседател и заменици членови.
Училишната комисија одговара за правилно и навремено спроведување на Конкурсот за запишување на ученици во средните училишта во уписните рокови, ја утврдува конечната ранг листа на примени ученици и решава по приговори од ученици по конечната ранг листа во рок од 12 часа по истакнувањето на истата и ги врши следните надлежности:
Комисијата за прием на документи ги врши следните надлежности:
Комисијата за рангирање ги врши следните надлежности:
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број на ученици од планираните предвидени во овој конкурс, а кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификациско тестирање.
Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот. За реализација на квалификационото тестирање во училиште во кое се пријавени поголем број на ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, министерот со решение формира комисија во состав од 5 члена и тоа:
Претседател на комисијата е претставник од министерството, а комисијата има заменик претседател и заменици членови. Квалификациското тестирање на учениците ќе се реализира во средното училиште, а врз основа на испитна програма и тестови изготвени од Бирото за развој на образованието.
НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Надзор над спроведување на овој Конкурс врши Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и овластените просветни инспектори на општините.
19 Април, 2023г.
ВД. ДИРЕКТОР
Весна Михаиловска
_________________
Преземи го огласот во PDF формат
Гимназијалците освоија девет награди и една пофалница на државниот натпревар по биологија
Гимназијалците од државниот натпревар по хемија се вратија со две втори награди
Гимназијалците ги собраа наградите на државниот натпревар по географија
Проектниот тим од Гимназијата „Мирче Ацев“ беше домаќин на транснационален проект
Гимназијалците од „Мирче Ацев“ успешни на сите натпревари по музичка уметност
По неколку години пауза, се реализираше повеќедневната екскурзија за учениците од Гимназијата
Гимназијалецот Михаел Матески освои второ место на државниот натпревар по англиски јазик
Ученичката Софија Гешоска на државниот натревар по биологија ја освои Првата награда
Приказна за еден вистински камен кој повеќе од 35 години стои крај патот кој води до гимназијата.
Краток филм за проф.Вера Сувочалмоска, првиот педагог во средните училишта во Прилеп
Проект на гимназијалките Вероника Кукеска и Кристина Каламукоска
Ученичката Милена Спиркоска изработи интересен проект „Историјат на извидничкото движење“
Средно општинско училиште
ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ - Прилеп
Ул.„Прилепски бранители“
бр. 96а
7500 Прилеп
тел/факс: ++38948425841
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.