МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo

биди гимназијалец

 

Запиши се во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп  во 5 чекори !

 

*ПОЖЕЛНО Е ДА КОРИСТИШ КОМПЈУТЕР

 

Чекор 1:

Кликни го линкот кој води до онлајн апликацијата  https://e-uslugi.mon.gov.mk 
Линкот за второто пријавување ќе биде отворен на 21 јуни а ќе биде затворен на 22 јуни во 15:00 часот.

Најави се со твоето корисничко име и со лозинката кои ги користиш во Microsft Teams

Чекор 2:

Пополни ги потребните податоци и прикачи ги потребните документи:

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА УЧЕНИКОТ: Име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање ...

ПОДАТОЦИ ЗА УПИСОТ: Основно училиште во кое си учел, наставен јазик на кој се изведувала наставата во основното училиште ...
Од спуштачкото мени „Назив на средното училиште во кое се запишува ученикот“ избери СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ - ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“

Вид на образование: ГИМНАЗИСКО, 

Избери ПОДРАЧЈЕ во кое сакаш да се запишеш од следните 6 можни опции:

  • Општествено-хуманистичко комбинација А; 
  • Општествено-хуманистичко комбинација Б;
  • Јазично-уметничко комбинација А;
  • Јазично-уметничко комбинација Б;
  • Природно-математичко комбинација А 
  • Природно-математичко комбинација Б.

Времетраење на образованието: 4 Години,
Наставен јазик на кој се следи наставата: Македонски
Начин на запишување: Првпат

ПОДАТОЦИ ЗА УСПЕХОТ НА УЧЕНИКОТ- ги внесуваш оценките од свидетелствата.
Ги прикачуваш потребните документи ... 

Чекор 3:

Притисни аплицирај

Чекор 4:

Испечати ја ПОТВРДАТА која треба да ја приложиш во избраното училиште

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 21.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 22.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.

Чекор 5:

Проверуваш дали си запишан во Прелиминарната ранг листа на запишани ученици која треба да се објави на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доколку те има на Прелиминарната ранг листа на запишани ученици, тогаш со себе земи ги следниве документи и достави ги во Гимназијата „Мирче Ацев“: 

  • ПРИЈАВА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА, СИМНИ ЈА  и ПОПОЛНИ ЈА според примерот (види подолу на странава), или земи ја бесплатно од Гимназијата.
  • ОРИГИНАЛНИ СВИДЕТЕЛСТВА ОД VI до IX одделение
  • ИЗВОД ОД МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ (без оглед на датумот на издавањето)
  • ПОТВРДАТА КОЈА ЈА ИСПЕЧАТИ ПРИ ЕЛЕКТРОНСКОТО ЗАПИШУВАЊЕ

(Не е задолжително, но ако имаш со себе понеси и дипломи, (доколку имаш) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за изборното подрачје)

Доставувањето на потребената документација во Гимназијата е на 23 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 24 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

биди гимназијалец

>> СИМНИ ПРАЗНА ПРИЈАВА <<

 

>> ПРОЧИТАЈ ГО ОГЛАСОТ <<

 

ИДНИ ГИМНАЗИЈАЛЦИ, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

биди гимназијалец

биди гимназијалец

Настани
22 Мар 2023
Гимназијалците по повод Денот на пролетта
Гимназијалците по повод Денот на пролетта

   Со ликовен хепенинг и еко изложба, гимназијалците го одбележаа Денот на пролетта

21 Мар 2023
Гимназијалците за Денот на Франкофонијата
Гимназијалците за Денот на Франкофонијата

   Гимназијалците ја продолжија традицијата на одбележување на Денот на Франкофонијата

18 Мар 2023
Одлични резултати на натпреварот по англиски јазик
Одлични резултати на натпреварот по англиски јазик

   Гимназијата „Мирче Ацев“ - домаќин на општинскиот натпревар по англиски јазик

13 Мар 2023
Гимназијалците, успешни на регионалниот натпревар по информатика
Гимназијалците, успешни на регионалниот натпревар по информатика

   Четири награди и две пофалници по информатика

07 Мар 2023
Гимназијалците одлични на регионалниот натпревар по математика
Гимназијалците одлични на регионалниот натпревар по математика

   Гимназијата беше домаќин на 46-иот Регионален натпревар по математика

05 Мар 2023
Одлични резултати на натпреварот по хемија
Одлични резултати на натпреварот по хемија

   Гимназијалците постигнаа одлични резултати на општинскиот натпреар по хемија

04 Мар 2023
За Денот на ретките болести
За Денот на ретките болести

   Во нашата гимназија се одржа едукативен настан посветен на Денот на ретките болести

28 Фев 2023
Уште еден голем успех во шах на Матеј Звездакоски
Уште еден голем успех во шах на Матеј Звездакоски

   Гимназијалецот Матеј Звездакоски освои прво место во шах

Нешто лично
17 Јан 2021
Тајната на кварцниот камен
Тајната на кварцниот камен

   Приказна за еден вистински камен кој повеќе од 35 години стои крај патот кој води до гимназијата.

18 Јун 2020
Педагог
Педагог

   Краток филм за проф.Вера Сувочалмоска, првиот педагог во средните училишта во Прилеп

09 Мај 2020
Екскурзија низ текст и слики
Екскурзија низ текст и слики

   Проект на гимназијалките Вероника Кукеска и Кристина Каламукоска

23 Апр 2020
Извидници
Извидници

   Ученичката Милена Спиркоска изработи интересен проект „Историјат на извидничкото движење“

Гимфест
гим-фест
gimfest 2018
gimfest 2017
gimfest 2016
гим-фест
gimfest
gim-fest
гимфест
Нешто задолжително

Контакт:

Средно општинско училиште

ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ - Прилеп

Ул.„Прилепски бранители“

бр. 96а

7500 Прилеп

тел/факс: ++38948425841

e-mail контакт



Гимназијата на:


facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo

 

Контакт форма:







Пресметај:



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија