МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo

Успесите на нашите ученици се нашата гордост

   Учебната 2023/24 година гимназијалците освоија 47 награди на државни и меѓународни натпревари, не вбројувајќи ги членовите на училишниот хор и оркестар.

   Учениците од нашето училиште, традиционално, доминираат на сите државни натпревари на кои и оваа година освоија многу први, втори и трети места и награди.

   Исто така, нашите ученици успешно ги претставуваат нашето училиште, град и држава на многу меѓународни натпревари од каде се враќаат со награди на кои им се радуваме сите.

   Ги издвојуваме пласманите на учениците Петар Мирчевски на Светската олимпијада по хемија во Риад - Саудиска Арабија и Благој Рујаноски Стојановски на светската олимпијада по информатика во Александрија - Египет, каде ќе ја претставуваат Македонија.

   Успесите на нашите ученици докажуваат дека Гимназија „Мирче Ацев“ и понатаму останува да биде едно од најдобрите и најуспешните училишта во Македонија.

   Гимназијата е, била и ќе остане цврста основа врз која младиот човек може да ги проширува и зголемува знаењата, а знаењето е моќ, знаењето е клуч со кој се отвора вратата зад која стои успехот!

   Овие успеси се гордост на секој натпреварувач, на секој родител, на секој ментор, на секој наставник, на секој гимназијалец.

   

   Во продолжение, погледнете ги првенците на генерацијата и успесите на нашите ученици на државните и меѓународните натпревари во учебната 2023/24 год.

Гимназијалците успешни и во полето на филмот


Гимназијалците успешни и во полето на филмот

Гимназискиот филм меѓу петте најдобри на меѓународен фестивал

Никола Бонески и Иван Јованоски - првенци на генерацијата


Никола Бонески и Иван Јованоски - првенци на генерацијата

Прогласување на првенците на генерациите од основните и средните училишта

Две први места за нашите гимназијалци, најдобрите хемичари во Македонија


Две први места за нашите гимназијалци, најдобрите хемичари во Македонија

Гимназијалците Петар Мирчевски и Георги Николоски најдобри хемичари во Македонија

Пет први награди на државниот натпревар по музичка уметност!


Пет први награди на државниот натпревар по музичка уметност!

Оркестарот, бендот и вокалните солисти први во Македонија

Македонистите - двојни државни шампиони


Македонистите - двојни државни шампиони

Две наши ученички станаа државни шампиони по Македонски јазик и литература

Осум награди на државниот натпревар по биологија


Осум награди на државниот натпревар по биологија

Гимназијалците ги собраа наградите на државниот натпревар по биологија

Прилепските гимназијалци државни прваци по географија


Прилепските гимназијалци државни прваци по географија

На самиот врв по знаење на државниот натпревар по географија

Златен медал за роботика, за гимназијалецот Иван Јованоски


Златен медал за роботика, за гимназијалецот Иван Јованоски

На натпреварот за роботика „Робомак јуниор“ Иван Јованоски освои златен медал

Гимназијалците постигнаа уште еден голем успех по физика


Гимназијалците постигнаа уште еден голем успех по физика

На државниот натпревар по физика гимназијалците постигнаа одличен успех

Браво за Благој! Повторно прво место.


Браво за Благој! Повторно прво место.

Уште едно прво место за Благој, овој пат на Македонската олимпијада по информатика

Бронзен медал на Македонската математичка олимпијада


Бронзен медал на Македонската математичка олимпијада

Михаил Живковиќ освои бронзен медал на Македонската математичка олимпијада

Математичари - браво!


Математичари - браво!

Гимназијалците успешни на државниот натпревар по математика

Врвен успех на државниот натпревар по информатика


Врвен успех на државниот натпревар по информатика

Учениците од Гимназија „Мирче Ацев“ најдобри на државниот натпревар по информатика

Креативните гимназијалци со две награди за најдобра маска


Креативните гимназијалци со две награди за најдобра маска

На натпреварот за најдобра маска за Прочка, нашите ученици освоија прво и трето место

Нов успех на Петар Мирчевски


Нов успех на Петар Мирчевски

Прво место на Македонската хемиска олимпијада!

Две први и едно второ место на меѓународниот натпревар по латински јазик


Две први и едно второ место на меѓународниот натпревар по латински јазик

Гимназијалки постигнаа одлични резултати на меѓународниот натпревар по латински јазик

Прво место на државнoто првенство во шах


Прво место на државнoто првенство во шах

Прво место во шах и златен медал за гимназијалецот Матеј Звездакоски

Државен шампион и вицешампион на натпреварот по Македонски јазик и литература


Државен шампион и вицешампион на натпреварот по Македонски јазик и литература

Нашите ученици освоија прво и второ место на државниот натпревар по Македонски јазик

Трето и четврто место во стрелаштво


Трето и четврто место во стрелаштво

Гимназијалките освоија трето и четврто место на државното првенство во стрелаштво

Бронзен медал за гимназијалецот Благој Рујаноски Стојановски


Бронзен медал за гимназијалецот Благој Рујаноски Стојановски

На Балканската олимпијада по информатика гимназијалецот Благој Рујаноски Стојановски освои бронзен медал

Браво за младите физичари од гимназијата „Мирче Ацев“


Браво за младите физичари од гимназијата „Мирче Ацев“

Гимназијалците освоија едно прво и две втори места на натпреварот „Млади физичари“

 

 
Биди гимназијалец!
 
зошто гимназија


Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија