МК | EN | FR | DE
Библиотеката во Гимназијата „Мирче Ацев“ постои и работи од 1947 год.
Нејзиното место и улога се во неделива врска со наставниот процес. Таа претставува интегрален дел на училиштето и зазема значајно место во наставниот процес.
Библиотеката е место каде треба да се создаваат трајни навики за читање, истражување и самостојна работа.
Користењето на библиотечниот фонд е неопходност во процесот на постојаното образование и самообразование.
Библиотеката треба да биде работен кабинет за сите наставни предмети, но и место за информативно, образовна и културна дејност.
Книжниот фонд во библиотеката се зголемува од година во година. Денес тој изнесува 17114 книги и околу 1000 наслови.
Книжниот фонд го сочинуваат: задолжителна училишна лектира, популарно – уметничка и научна литература, општо – политичка литература, енциклопеди, лексикони, речници, атласи, библиографии, периодика и разни весници, списанија и билтени.
Покрај ова библиотеката располага и со аудио – визуелни помагала, аудио и видео ленти, фотографии, грамофонски плочи, DVD-a и сл.
Книжниот фонд е стручно обработен, именоинвентиран, сигнатиран и каталогизиран.
Библиотечниот материјал има авторски и (азбучен) каталог.
Книгите се сместени и селектирани по сигнатура, инвентарен број и формат.
Корисници на библиотечниот фонд се учениците и вработените од Гимназијата „Мирче Ацев“. Нивниот број постојано расте и се движи годишно по околу 900 членови.
Учебната 2014 – 2015 година се изврши преуредување на библиотеката со цел таа да биде попријатно престојувалиште и неисцрпен извор на знаење за сите ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп.
ВИ БЛАГОДАРАМ!
Напишано од проф. Рената Думбалоска
ОД АКТИВНОСТИТЕ НА БИБЛИОТЕКАРКАТА:
- Порака до родителите: На децата треба да има се чита!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.