МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo g+ logo youtube logo vikipedija logo

Две трети места во скијање

 

skijanje, скијање

   На 16-ти Февруари се одржа државното првенство во скијање на Копанки, Пелистер во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија на кое учествуваа повеќе од 200 скијачи.
   Скијачкиот тим кој ги бранеше боите на нашата Гимназија на чело со професорот по спорт Даниел Василески и оваа година постигна одлични резултати. Освоени се два бронзени медали и четврто место. Бронзени медали освоија Георгина Ѓорческа и Ана Геогриеска, а Ева Грозоска се пласира на четвртото место.

treti mesta skijanje

   „Се спремавме подолго време, работевме и на ски патеките и на  тактичко-теоретски дел.  Професорот Даниел организираше и специјални подготовки каде што скијавме и на капии и постојано ни дава поддршка. Задоволна сум но сметам дека можам и повеќе!“ - изјави Ана Георгиеска.

   „Беше убав ден, задоволна сум од постигнатиот резултат. Ги исполнив дадените насоки од професорот Даниел, се подготвував за овој натпревар и освоив медал. До година ќе се трудам да бидам подобра!“ изјави Георгина.

   „Честитки за освоените медали, честитки за сите ученици кои беа дел од тимот. Ова е плод на долгогодишна работа со овие деца каде желбата и ентузијазмот кон скијањето се на високо ниво. Огранизиравме специјални подготовки за скијање со капии каде ретко кој има можност да тренира во такви услови. Децата беа дисциплинирани и гладни за нови знаења, се подобруваа и крајот го краси делото. Бевме блиску до постигнување на подобри резулатати и освојување на уште два медали но ова е спорт. До година ќе се трудиме да бидеме подобри“ изјави професорот по спорт Даниел Василески.


Објавено на: 18 Фев 2018

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2018
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија