Шест медали за гимназијалците
На 53-от Државен натпревар на младите истражувачи од Р.Македонија - Наука на млади, што се одржа на 13-ти мај во СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово, на кој учествуваат 200 ученици од средните училишта од Р.Македонија, учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп ги освоија следните награди:

- Искра Белческа – II-7 клас – освои прво место - златен медал во областа – аналитичка хемија – ментор проф. Христина Манческа

- Ивана Дукоска – II-3 клас – освои второ место - сребрен медал во областа – аналитичка хемија – ментор проф. Христина Манческа

- Бранислав Попоски – I - 4 клас – освои прво место - златен медал во областа – компјутерско програмирање – ментор проф. Анета Стојческа

- Димитар Милески – IV-8 клас- освои второ место - сребрен медал во областа – web дизајн – ментор проф. Анкица Стеваноска Јанческа

- Ангела Милошеска – II-6 клас- освои трето место - бронзен медал во областа – web дизајн – ментор проф. Анкица Стеваноска Јанческа

- Симона Димеска – III-5 клас – освои второ место – сребрен медал – во областа на физиката – ментор проф. Кире Јосифоски
Освојувањето на многу награди од страна на нашите ученици на ова престижно натпреварување е традиција која продолжува.