МК | EN | FR | DE
На 24 та Меѓународна детска Ликовна колонија „Лазар Софијанов“ во Кратово, која се одржа од 12.06 до 17.06 2017 година во организација на Домот на културата од Кратово, учествуваа 28 млади ликовни таленти.
Со својата креативност и ликовен талент, сликајќи на платно со акрилна техника мотиви од архитектурата на градот домаќин, неговите кули, мостови, куќи и улици, на оваа ликовна колонија во категорија средни училишта, посебно се истакнаа учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.