Bela pozadina

Грција меѓу двете светски војни

 

Во Првата светска војна Грција беше политички поделена земја. Кралот Константин беше за сојуз со Централните сили, а Владата на чело со Елефтерос Венизелос за сојуз со Антантата. Поради политичките внатрешни и надворешни притисоци кралот Константин I беше принуден да абдицира во 1917 год, а неговото место го зазеде неговиот помлад син Александар I.

 

Константин Први Грција   Александар Први Грчки

 

Александар I неславно го заврши животот (каснат од сопствениот куќен љубимец берберски макаки мајмун) па на престолот повторно седна татко му Константин I.
(Единствената ќерка на Александар I, Александра, се омажила за југословенскиот крал Петар II Караѓорѓевиќ и станала кралица на Југославија)

Константин I кралувал до 1922 год кога поради поразот на Грција во Грчко – Турската војна повторно абдицира, а на прстолот доаѓа неговиот постар син Георгиос II.

Со Лозанскиот договор меѓу Турција и Грција од 24.07.1923, било спроведена задолжителна размена на населенето. Христијаните од Турција да се доселат во Грција, а Муслиманите од Грција да се отселат во Турција. Така од Егејскиот дел на Македонија отселени биле околу 40000 Македонци со исламска вероисповед, а на нивно место биле колонизирани над 600 000 Грци.

 

Георгиос II крал на Грција

Георгиос II крал на Грција во 1922-1924 и 1935-1947

 

Георгиос II со цел апсолутистички да завладее извел неуспешен „кралски“ државен удар во 1923 год. Незадоволните од монархијата, политичките субјекти на 25 март 1924 год спроведоа референдум на кој народот се изјасни за републиканско уредување, по што свечено беше прокламирана Република Грција (Втора Грчка република).

Кралот бил принуден да избега од Грција и да добие егзил во Романија, земјата на неговата сопруга, до 1932 кога се преселува во Лондон.

За претседател на Грчката република бил избран воениот ветеран од Балканските војни, адмиралот Павлос Кунтуриотис.

Во 1925 год, под притисок на Друштвото на народите Грција издава еден буквар - Абецедар кој бил наменет за Македонското малцинство во Егејскиот дел на Македонија. Букварот е испечатен со хрватска латиница во Атина во 1925 година. Сепак овој буквар никогаш не стигнал до Македонските ученици од Егејскиот дел на Македонија поради внатрешно политичките притисоци но и поради притисоците на соседните Бугарија и Кралството на СХС (Србија) кои биле засегнати од грчкото признавање на МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО и МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК како посебни и различни од останатите балкански народи и јазици.>> Преземи го Абецедарот во PDF Формат<<

Во 1926 год. бил донесен Закон за промена на топонимите во Егејскиот дел на Македонија со што сите села, градови, реки, езера, планини и др. биле преименувани со грчки имиња. (Лерин – Флорина, Воден – Едесса, Солун – Тесалоники, Костур – Касториа и др) До 1929 год во Егејскиот дел на Македонија 1536 населени места добиле нови – грчки имиња.

 

Во 1926 год. генералот Теодорос Пангалос извршил воен државен удар, ја зазел власта, се прогласил за избран претседател на Републиката и вовел воена диктатура. На чело на државата бил нецела година затоа што скоро и да ја вовел државата во војна со Бугарија (тн. војна на бездомните кучиња), а бил и обвинет за давање на премногу привилегии на трговците од СХС за користење на Солунското пристаниште. Поради тоа Пангалос е советуван од офицерите негови приврзаници, да ја напушти функцијата, па истата 1926 год на претседателската функција повторно застанал Кунтуриотис.

 

Павлос Кунтуриотис                         Теодорос Пангалос

Павлос Кунтуриотис                                       Ген.Теодорос Пангалос

Претседател на Република Грција

Од 1924–1926 и 1926-1929

 

На чело на државата Кунтуриотис бил до 1929 година кога се повлекува од политиката поради сериозни здравствени проблеми. Тогаш за нов претседател на Грција е избран дотогашниот Претсеател на грчката Влада Александар Заимис. Заимис претседателската функција ја врши до 1935 год, а наредната година починал.

Во 1935 год. Генералот Георгиос Кондилис извел државен удар и се наметнал на функцијата Претседател на грчката Влада.

 

Георгиос Кондилис

Георгиос Кондилис

 

Константин I крал на Грција

Во 1913-1917 и 1920-1922

Александар I (грчки) крал на Грција

од 1917-1920

Бидејќи бил монархистички настроен ги отстранил сите приврзаници на Републиката во Владата и државната администрација и распишал референдум на кој народот требало да се изјасни дали е за повторно воспоставување на монархијата. Референдумот бил спроведен на 03.11.1935 год и 97,8% од вкупно илезените на референдумот, ставиле сино ливче во гласачката кутија, односно се изјасниле дека се „ЗА“ да се врати монархијата со Георгиос II во Грција. (се гласало со ливчиња во боја; сино за монархија, црвено за република). Со ова завршува периодот на „Втората грчка република“ и повторно Грција станува монархија која траела се до 1973 г.

На изборите во 1936 година, во Грција Комунистичката партија освоила повеќе пратенички мандати од сите очекувања. Антикомунистички настроените политички партии и организации во грчкиот парламент по предлог на кралот на премиерската функција го носат Јоанис Метаксас кој дотогаш бил Воен министер. Метаксас на 04 август 1936 год. го објавува такнаречениот „Четвртоавгустовски режим“ со кој го распушта Парламентот, суспендира делови од Уставот, ги забранува почитичките партии односно воведува диктатура (Метаксасова диктатура).

Сите медиуми биле строго контролирани, воведена била цензура, единствен задолжителен јазик во државата бил грчкиот, сите топоними во Македонија биле заменети со нови, грчки, а воведени биле и сини униформи кои младите требало задолжително да ги носат на празници и при значајни настани. На Македонците им било забранувано дури и дома да го зборуваат својот мајчин Македонски јазик, а за прекршувањето на овие правила следувале сурови казни како корнење на нокти, бодење на јазик со жешки игли, ковање на клинци под ноктите на нозете, камшикување и сл. Околу 5000 Македонци ги наполниле грчките затвори по грчките острови.

Единствена легална политичка организација во времето на Метаксас била Националната организација на младината (EON) која била профашистичка организација.

Метаксас пропагандната машинерија го именувала како „Лидерот“ „Водачот“ „Татко на нацијата“ и пропагирала дека со него почнал периодот на „Третата грчка цивилизација“ (прва цивилизација – античката, втора – Византија). Метаксас бил под силно фашистичко влијание и пополека државата ја носел се поблиску до Италија и Германија.

 

Јоанис Метаксас  Јаоанис Метаксас на митинг  Парада на ЕОН

Јоанис Метаксас      Јоанис Метаксас на собир на EON со познатиот поздрав         Парада на EON

 

Сепак Метаксас не потклекнал пред италијанските притисоци и кога Мусолини со закана на 28 октомври 1940 побарал окупациони права над некои грчки градови, Метаксасовиот одговор бил „Alors, c'est La guerre!“ („Па, тоа е војна!“ ). Овој ден е познат како денот „Okhi“ (Охи – на македонски Денот „Не“) (овој ден се празнува до денес).

Неколку часа по метаксасовиот одговор Италија напаѓа на Грција и започнува Италијанско – грчката војна што е вовед за случувањата во Втората светска војна.

Напишано и уредено од проф.Николче Богданоски

Грција PDF Преземи во PDF

Pozadina

Сродни содржини:

 

- Бугарија меѓу двете светски војни
- Создавањето на Албанската држава и Албанија меѓу двете светски војни

 

- Светите браќа Кирил и Методиј

- Св. Климент и Св. Наум Охридски

- Крстоносните војни и Македонија во XIII Век

- Скендербег

 

Можеби ќе те интересира и :

 

- Час по информатика - проф. Анета Стојческа

- Час по информатичка технологија - проф. Анета Стојческа

- Час по информатичка технологија - проф.Анкица Стеваноска Јанческа

- Час по математика - проф.Маријана Спиркоска

- Час по математика - проф.Калина Секулоска

- Час по хемија - проф.Блаже Димоски

- Час по македонски јазик и литература - проф.Емона Јованоска

- Прирачник по социологија - проф.Жељко Чупарко

 

 

Copyright © 2016 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.